Легендарниот ММА борец, Хабиб Нурмагомедов се најде во огромни проблеми откако руските власти подготвија запленување на неговиот комплетен имот по обвинувањата за затајување данок.
На Хабиб од 5. јуни му е забрането да ја напушти руската федерација, а правосудните органи почнаа постапка за заплена на неговиот тим. Тој поседува семејна куќа во Дагестан во вредност од 300.000 долари, и пет луксузни автомобили во вкупна вредност од 470.000 долари, кои ќе бидат запленети.
Неговиот долг на основ данок кон државата изнесува околу 3,4 милиони евра, а неофицијални извори информираат дека тие пари ги искористил за купување хотел и покренување старт-ап бизнис во Турција и во Дубаи.
Ако Нурмагомедов биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од шест години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

