Русин го нокаутираше Переира и стана светски шампион

Рускиот борец Магомед Анкалаев е новиот шампион на УФЦ во полутешка категорија, откако во Лас Вегас го победи Бразилецот Алекс Переира на поени.

Тоа е епилогот од најголемиот спектакл одржан во престолнината на коцката синоќа наречен „УФЦ 313“ . Ова беше четврта одбрана на појасот за Переира од преземањето во ноември 2023 година.

Двајцата борци покажаа извонредна тактика, издржливост, неверојатна сила, подготвеност и умешност во речиси рамноправен натпревар. На крајот, одлуката за победникот беше донесена по едногласната одлука на судиите кои му ја доделија на момчето од Дагестан (49-46, 48-47, 48-47).

Пред борбата Русинот беше прогласен за аутсајдер, но тактички одлично ја подготви борбата и влезе во борба со фаворизираниот Бразилец. Веќе во текот на втората рунда имаше можност да го нокаутира својот ривал, но Переира ги издржа налетите на Дагестанецот и успеа да остане на нозе до крајот на петтата рунда.

Се вчитува...