Доаѓањето на Манчестер јунајтед во Ростов на Дон е спектакл за кој многумина се подготвени да да сторат за да бидат дел од тоа, а има и такви кои се подготвени да платат нивните деца да бидат блиску до своите идоли.
Манчестер јунајтед на 9 март ќе му гостува на рускиот Ростов во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на Европа. Како што е вообичаено, фудбалерите до средината на теренот ќе ги изнесат деца, а еден Русин сака по секоја цена неговиот син да го придружува Златан Ибрахимовиќ.
“Газета дело спорт“ објави дека рускиот фан на Ибрахимовиќ, за овој спомен за својот син, кој децата инаку, го добиваат бесплатно, на Ростов му понудил 2.700 евра.
Познато е дека Ибрахимовиќ не ги сака ваквите „протекции“. Тоа го покажа во една ситуација кога настапуваше за ПСЖ, а е еден родител се обиде да го замени местото на својот син и на другото дете кое беше избрано да го придружува славниот фудбалер до центарот на теренот. Но, Ибрахимовиќ тогаш сам ја среди ситуацијата и ја исправи неправдата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА