Руски фудбалер се нуди да се врати во Челси и да игра бесплатно

Челси се наоѓа во незавидна ситуација по суспензијата на Роман Абрамович и чека нов сопственик. Меѓутоа додека тоа дојде, „сините“ мора да се соочуваат со новонастанатите моменти.

Многумина од играчите сегашни и поранешни се нудат да играат во клубот и да му помогнат. Таква е ситуацијата и со поранешниот руски репрезентативец Јури Жирков.

„Ако треба ќе се вратам во Челси и ќе играм бесплатно“, рече Жирков.

Жирков играше во Челси од 2009 до 2011 година, и со тимот ја освои Премиер-лигата, и Супер-купот на Англија. Има 38 години и игра за Химки, но тешко дека тој ќе може да помогне на лондонскиот тим, не само поради тоа што е Русин, туку и поради годините.

Се вчитува...