Руските судијки Викторија Алпаидзе и Татјана Березкина ќе му судат на Вардар во дуелот против ЧСМ Букрешт, во полуфиналето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта.Вториот полуфинален меч меѓу Будуќност и Ѓер ќе го судат Романките Кристина Настасе и Симона Станцу.
Европската ракометна федерација денеска ги делегира судиите за завршниот туирнир во Лигата на шампионите во женска конкуренција што ќе се одржи на 6 и 7 мај во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта.
За финалето на Ф4 што ќе се одигра на 7 мај, делегирана е данската судиска двојка Карина Кристијансен и Лине Хаселдал. Данските судијки беа дел и од ланскиот Ф4 во ЛШ. Тогаш Кристијансен и Хаселдал му судеа на Вардар во мечот за 3.место против Будуќност.
Годинашното мало финале на Ф4 турнирот во Будимпешта ќе го водат Ана Вранеш и Марлис Венингер од Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА