Русија до денеска беше без пораз на европскиот шампионат, но по вечерашниот неуспех против домаќинот Данска (30-23), „зборнаја“ остана без полуфинал на ЕП 2020. Руските ракометарки потфрлија кога беше најважно, одиграа далеку под посакуваното ниво во нападот, не им функционираше ниту одбраната, па сосема заслужено нема да водат битка за медал на овој шампионат.
Домаќинот обезбеди место во полуфиналето благодарение на одличната Хјолунд и нејзините седум гола во нападот, како и голманката Тофт, која собра 14 интервенции. Кај Русинките најефикасна при денешниот пораз беше Димитриева со девет погодоци.
Норвешка остана единствена селекција со стопроцентен ефект во досегашниот дел од ЕП 2020, по убедливата победа од 32-21 против Унгарија. Нора Мерк потврди дека се наоѓа во топ-форма со нови седум погодоци, а пет гола за Норвешка постигна поранешната „вардарка“ Камила Херем.
Во полуфиналните двојки од овој европски шампионат ќе се сретнат Франција – Хрватска и Данска – Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

