Рускиот Кирил Амбросимов и Бразилката Марсела Чуна се победници на 10-километарската трка од ФИНА светската серија 2019 година која денеска за прв пат се одржа во водите на Охридското езеро.
Амбросимов и Чуна до победата на кружната трка во Охрид, која беше во организација на Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФСМ) а во соработка со ФИНА и Македонскиот олимписки комитет (МОК), дојдоа по неизвесен и спортски тензичен финиш во машка односно женска конкуренција.
Русинот на целта влезе за една секунда пред францускиот пливач Аксел Рејмонд а за две секунди пред Италијанецот Матео Фруланд. Македонскиот пливачк Евгениј Поп Ацев, кој беше единствен Македонец на трката, финишираше на деветтата позиција.
„Среќен за победата во една тешка и исцрпувачка битка од почетокот до крајот со останатите пливачи. Триумфот во Охрид мотивирачки ќе делува пред последните две трки од серијата кои следуваат“ – изјави Амбросимов по завршувањето на 10-километарската трка.
Бразилката триумфираше пред Италијанките Ракел Бруди односно Аријана Бриди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА