Македонскиот шампион Вардар го официјализираше трансферот на рускиот интернационалец Максим Максимов од литванскиот тим Тракаи. Тој потпиша тригодишен договор со „црвено-црните“, а сезонава постигна седум кога во квалификациите за Лигата на Европа. Сепак, 21-годишниот Русин и нема некое посебно педигре, со оглед дека досега настапувал за литванските клубови Атлантас и Тракаи.
„Знам за Вардар дека е голем клуб и дека во последните години е редовен шампион на Македонија. Клубот секогаш оди на титула, на највисок пласман, а оваа година стигна и до најголемиот успех во историјата со пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. Од оваа сезона очекувам да ја одбраниме титулата во првенството, да освоиме што е можно повеќе бодови во групата во Лигата на Европа, зошто да не и да продолжиме понатаму во следната фаза. Ова за мене е нов предизвик, поинаков од досегашните. Вардар е добра можност да ги покажам моите квалитети, да ги покажам моите амбиции. Се надевам дека ќе ја продолжам мојата форма и дека ќе продолжам да давам голови и во дресот на Вардар, кои ќе му донесат успех на тимот“, изјави Максимов за официјалниот сајт на Вардар.
Клубот го потврди и спогодбениот раскин на договорот со Дамир Којашевиќ, кој кариерата ќе ја продолжи во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА