Русинот нема дилема: Хабиб избра кој е подобар од Поарие и Мек Грегор

Поранешниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ја прокоментира претстојната борба помеѓу Дастин Поарие и Конор Мек Грегор.

Трилогијата меѓу Поарие и Мек Грегор ќе биде заокружена на 11 јули со уште еден нивни меѓусебен судир, а Хабиб даде свое мислење за оваа борба.

Русинот верува дека Конор има шанса само во првата рунда на овој дуел.

„Сè е јасно како и претходно. Конор има предност во првата рунда, но ако борбата продолжи понатаму, тогаш ќе победи Дастин”, изјави поранешниот шампион.

Конор го нокаутира Поарие во првата рунда пред седум години, а на реваншот оваа година, Дастин возврати со нокаут во втората рунда.

Победникот во оваа борба најверојатно ќе победи во борбата за титула во лесна категорија што моментално ја држи Бразилецот Чарлс Оливеира.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dustin Poirier (@dustinpoirier)

Се вчитува...