Македонскиот прволигаш Работнички нема да го ангажира Никита Лукин, младиот руски интернационалец кој во изминатиот период беше на проба во редовите на „романтичарите“. Тој има одредени проблеми со документацијата од претходниот клуб, а сепак и не импресионираше со своите игри на досегашните пријателски натпревари во Анталија.
„Романтичарите“ досега остварија две победи, против Днипро (3-2) и Терек Грозни (2-0), а денеска ремизираа без голови против унгарскиот прволигаш МТК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА