Возачот на Формула 1 тимот „Хаас“, Никита Мазепин најверојатно ќе биде исфрлен од ова натпреварување по одлука на раководнте структури.
Ова секако е уште еден одговор на она што во моментов се случува во Украина, и воената инвазија од страна на Русија, на што целиот свет одлучи да реагира.
Формула 1 веќе ја суспендираше трката за Големата награда на Русија во Сочи, а донесе одлука и да биде тргната рекламата од болидот на „Хаас“ на компанијата Уралкали. Таа е во сопственост на таткото на Никита Мазепин, рускиот милјардер, Димитри Мазепин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА