Новиот возач на Ф1 тимот на Вилијамс, Сергеј Сироткин, се налути на квалификациите дека е „платен возач“ и изјави дека ќе ги игнорира сите што ќе го наречат така. Оваа квалификација дојде поради тврдењата дека Русинот си го обезбедил местото во тимот благодарение на милионите што ги дала банката „Ес-Ем-Пи“.
„Не им давам внимание на квалификациите дека сум „платеник“. Луѓето пишуваат се и сешто, но од каде се информираат? Ако знаеш нешто и тоа можеш да го поткрепиш со факти – тогаш направи го“ – изјави Сироткин за руските медиуми.
Рускиот возач во болидот на Вилијамс го зазеде местото на пензионираниот Фелипе Маса. Сироткин за кого ова ќе биде дебитантската сезона во Ф1, доби предност пред искусниот Роберт Кубица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА