Голманот на Бодо Глимт, Никита Хаикин, ќе биде стартер за Норвешка на Светското првенство, тврдат дел од норвешките медиуми.
Хаикин имаше импресивни настапи во успешната сезона на Бодо во Лигата на шампионите, кој ги победи Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, а го елиминираше Интер во плеј-офот.
На почетокот на февруари беше објавено дека Норвешката фудбалска асоцијација започнала преговори за доделување државјанство на Хејкин пред Светското првенство во 2026 година. Токму голманската позиција е најголем проблем за Норвешка, ако се знае фактот дека Орјан Ниланд е прв избор, но тој не брани во Севиља.
Голманот беше повикан во руската репрезентација еднаш – во ноември 2021 година за квалификациите за Светското првенство 2022 против Кипар (6:0) и Хрватска (0:1). Тој остана на клупата во двата наврати.
Хаикин е роден во Израел, а покрај израелско и руско, има и британско државјанство, а сега ќе добие и на Норвешка. Тој е во Бодо Глимт од 2019 година, со исклучок на шест месеци во 2023 година кога беше во Бристол Сити.
По ждрепката за Светското првенство во 2026 година, Норвешка беше сместена во групата И, каде што ќе игра против Франција, Сенегал и победникот од двата меѓуконтинентални плејоф натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

