Дејан Станковиќ заработи жестока суспензија од Руската Фудбалска Федерација по црвениот картон што српскиот стратег го доби на градското дерби меѓу Динамо Москва и неговиот Спартак Москва што заврши без победник, 2-2.
Тој поцрвене во првото полувреме поради навреди упатени кон судијата, Станковиќ најпрвин доби жолт картон, но откако продолжи со навредите беше испратен кон соблекувалните. За ваквото однесување, тој е санкциониран со едномесечна суспензија, која ќе се однесува на средбите од руското првенство, но исто така и од Купот на Русија.
„Станковиќ рече дека се што навеле судиите во нивните извештаи е лага. Исто така, се извини на дисциплинската комисија. Сепак, во оваа ситуација се соочивме со прекршок што се повторува, токму затоа и се решивме за построга каза. Бидејќи Станковиќ неколку пати во минатото имаше исти ситуации со официјалните лица, решивме да го суспендираме за следните месец дена“, изјави Артур Григорватас, претседателот на Дисциплинската комисија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

