Русите и Белорусите нема да учествуваат на парадата на спортистите на свеченото отворање на Олимпијадата во Париз во 2024 година во јули, соопшти Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Спортистите од овие земји кои ќе се квалификуваат за најголемиот спортски настан во светот ќе учествуваат без своите знамиња и химни поради руската инвазија на Украина, која започна во 2022 година.
Бидејќи тие учествуваат „индивидуално“ како независни спортисти (АИН), нема да можат да продефилираат, но „ќе имаат можност да го почувствуваат настанот“. Во вторникот, Извршниот комитет на МОК одреди знаме посветено на Русите и Белорусите со буквите „АИН“ на зелена позадина, како и кратка химна без зборови, што треба да се свири во случај на нивна победа на Игрите во Париз.
Без националните бои, нема да има многу спортисти од двете земји – само 12 Руси и седум Белоруси досега се квалификуваа за Олимписките игри во 2024. Експертите на олимписките тела предвидуваат, „според најверојатното сценарио“ дека ќе има вкупно 36 Руси и 22 Белоруси на Игрите и дека ќе има најмногу 55 или 28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА