На руските репрезентации и натаму им е забрането учество на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина следната година, соопшти Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
„Препораката на Извршниот комитет на ИОК од март 2023 година во врска со тимовите на спортисти со руски пасоши останува на сила, индивидуалните неутрални спортисти не можат да се сметаат како тим. Меѓународната федерација за хокеј на мраз потврди дека ќе ги следи препораките“, стои во соопштението на ИОК.
Неодамна, четворица руски лизгачи добија дозвола да се натпреваруваат како неутрални спортисти во квалификациите за Зимските олимписки игри.
Мал број индивидуални руски и белоруски спортисти учествуваа на Летните олимписки игри 2024 година во Париз по ригорозната проверка од страна на ИОК. Тие се натпреваруваа без знаме и химна, а учествуваа како неутрални спортисти.
Следните Зимски олимписки игри ќе се одржат од 6. до 22. февруари 2026 година во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

