Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) на Русија и забрани настап на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година.
Русите се исфрлени од ЗОИ поради систематскиот допинг на Игрите во 2014 на кои беа домаќини во Сочи. Олимпискиот комитет на Русија ќе мора да плати отштета на ИОК во износ од 15 милиони долари, а тогашниот руски министер за спорт, Виталиј Мутко од Извршниот комитет на ИОК доби доживотна суспензија за се што е поврзано со Олимписките игри.
Збраната сепак, не се однесува за сите руски спортисти. Оние што ќе докажат дека биле „чисти“, исто како и на Летните олимписки игри ќе можат да учествуваат на ЗОИ 2018 како „неутрални“ спортисти под олимписко знаме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА