Кошаркарската репрезентација на Русија стигна и до втората победа на Евробаскет 2017, совладувајќи ја Србија со 75-72. Избраниците на Александар Ѓорѓевиќ денеска не беа на потребното ниво, не функционираше нивниот шут, а не реализираа и голем број на слободни фрлања, што беше пресудно за „зборнаја“ да ја однесе победата.
Србите првата четвртина ја добија со 21-18, но потоа Русија возврати и на полувреме замина со два поени предност (40-38). „Зборнаја“ одлично го одигра третиот период и на надгради предноста на седум поени, а иако Србите се заканија во финишот, сепак, триумфот им припадна на момците на селекторот Сергеј Базаревич.
Алексеј Швед со 22 поени беше најефикасен во редовите на Русија, а Богдан Богдановиќ уфрли 19 за Србите.
Франција ја совлада Грција со 95-87. „Триколорите“ на полувремето имаа огромна предност (55-36) што беше сосема доволно за рутински да го приведат мечот до крај. Германија славеше над Грузија со 67-57, Црна Гора беше доминантна против Унгарија (72-48), исто како и Полска против Исланд (91-61). Летонија беше супериорна на дуелот против Белгија и победи со 92-64.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА