За едно ново име ќе биде посилен составот на Русија за дуелот против селекцијата на Македонија. Во кампот на „зборнаја“ во пресрет на мечот со нашиот национален тим пристигна крилото на Зенит, Владислав Трушкин.
Рускиот тим со чартер-авион од Неапол, по четири и пол часа слетал во Урал во раните утрински часови. А по одморот, реализира и тренинг. Во сабота ќе имаат уште еден, на кој ќе се појави и Трушкин, кој во четвртокот настапи за Зенит во евролигашкиот меч против Алба од Берлин, и одигра само осум минути без особен ефект. Тој ќе биде и последниот, 16.кошаркар кој ќе му биде на располагање на селекторот Сергеј Базаревич. Но, ќе го нема вториот планиран играч од редовите на Зенит, Андреј Зубков.
Квалификацискиот натпревар меѓу Русија и Македонија е закажан за в недела, од 16 часот по македонско време, во салата „Молот“ во Перм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА