На две недели пред стартот на Светското фудбалско првенство, Русите конечно ја завршија изградбата на надворешната трибина на Екатеринбург Арена за да се задоволат критериумите на ФИФА. Стадионот сега има 35.седишта, а неговиот дизајн е најуникатен во светот.
Покрај легендарниот „Лужњики“, ова е единствениот стадион во Русија што не е нов. Но, за да ги задоволат условите поставени од ФИФА, организаторите мораа да го зголемат капацитетот на стадионот. Во старото издание Екатеринбург Арена можеше да прими 23.000 гледачи, додека прописите на ФИФА се најмалку 35.000.
Русите смислија оргинална идеја како да ги задоволат критериумите за СП. Одлучија да го отворат едниот дел од стадионот и на тоа место да изградат монтажна надворешна трибина со 12.000 места. Она што не необично во оваа конструкција е тоа што трибината се наоѓа надвор од стадионот и не е покриена со кров. Највисокиот ред од седиштата се наоѓа на исто ниво со кровот на остатокот од стадионот, на височина од 45,5 метри и оттаму може да да се види дел од градот.
Но, тоа нема да биде и најголемиот проблем за гледачите кои ќе купат влезници за оваа трибина. Од трибината подобро се гледа панорамата на градот отколку спротивниот гол и семафорот. Добрата вест е што оваа трибина ќе биде во употреба само за ова СП. По завршувањето на Мундијалот, „панборамската“ трибина ќе биде отстранета и Арената повторно ќе биде затворена.
Стадионот на кој своите домашни натпревари ги игра тимот на Урал, ќе биде домаќин на четири натпревари од СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА