Руската фудбалска федерација најверојатно нема да одигра ниту еден натпревар во октомври во терминот на ФИФА, но како што стојат работите најдоа репрезентација за ноемврискиот тест.
Според селекторот на „зборнаја“, Валери Карпин доколку нема нагли промени, Русија следниот месец ќе игра против Сирија. Сиријците моментално се 92. репрезентација на ранг-листата на ФИФА.
Русите не успеаја да договорат натпревар за тековниот месец, Таџикистан одби бидејќи игра квалификациски меч со Сирија, исто како и Пакистанската фудбалска федерација, која предложи да им испрати „неофицијална репрезентација“ на Русите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА