Фудбалската репрезентација на Русија стигна до четвртфиналето на Светското првенство, дострел што можеби никој не го очекуваше пред самиот старт на Мундијалот. Селекцијата на „зборнаја“ максимално ја искористи поддршката од домашната публика и се надмина кога се во прашање резултатите, со оглед дека селекторот Черчесов и немаше на располагање некој посебен квалитет во ростерот. Но, германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ објави интересна сторија, дека Русите нашле финта како да се ’допингуваат’ и на овој Мундијал.
Руските фудбалери беа забележани како вдишуваат амонијак во пресрет на мечот со Хрватска. Тоа ги шири дишните патишта и доведува до зголемено внесување на кислород во организмот. Првпат камерите тоа го забележале пред дуелот меѓу Русија и Шпанија во осминафиналето на СП. Тие добиле нешто в рака од докторскиот тим и го вшмркувале во носот. Но, портпаролот на руската фудбалска репрезентација не криел дека тоа е амонијак.
„Руските фудбалери користеа амонијак, и тоа не е забрането. Покрај тоа, користеа и шампон за туширање после натпреварите, а пијат и вода кога им е жешко“, изјави малку и на шега портпаролот на рускиот национален тим.
Сепак, „Зидојче Цајтунг“ од германски експерт доби мислење и потврди дека амонијакот делува стимулирачки.
„Користењето на амонијак не е забрането. Но, апсурдно е Русите да тврдат дека тоа е нешто вообичаено, како да користиш шампон за туширање. Амонијакот делува стимулирачки и го одложува заморот. Тоа е дефиниција за допинг, и за мене амонијакот е допинг“, изјави германскиот стручњак за допинг, Фриц Соргел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

