Македонскиот одбојкарски првак Струмица ќе биде сериозно ослабен за стартот на настапот во Лигата на Шампионите откако трите руски одбојкари не добиле виза за влез во Холандија.
Струмичани на 20 септември ќе му гостуваат на Динамо Апелдорн, но стручниот штаб неочекувано се соочи со сериозни главоболки откако Александар Злобин, Максим Михаилов и Алексеј Лободин не добија дозвола од холандските власти за влез во оваа земја.
,, Точно е. Трите руски засилувања не добија визи за влез во Холандија. Ќе настапиме доста ослабени, но се надевам дека ќе го дадеме максимумот иако недоаѓањето на Злобин, Михаилов, Лободин ќе го нарушиот планиран концепт на игра“, изјави тренерот Ричлиев за струмичкиот портал „Дрнка.мк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА