Русите промашуваа, Бразилците ги казнија

Репрезентацијата на Бразил дури и без помошта на Нејмар делува моќно, па „кариоките“ вечерва во пријателски натпревар триумфираа на гостувањето во Русија со убедливи 0-3.

Домашните фудбалери имаат за што да жалат во првото полувреме, кога добро ја користеа отворената игра на фаворитот, од контранапади создаваа шанси и полушанси, но не успеаја да најдат начин да го совладаат Алисон Бекер.

Казната стигна во второто полувреме, во кое „кариоките“ притиснаа, целосно доминираа и постигнаа три погодоци. Дефанзивецот Миранда го отвори резултатот, на 0-2 зголеми Кутињо од пенал по прекршокот над Паулињо, а токму Паулињо беше стрелец на третиот гол на овој натпревар.

Се вчитува...