Руските тенисери и тенисерки добија дозвола за настап на првиот гранд-слем во новата сезона, Австралија опен, но само под услов додека се пријават како неутрални спортисти и да не го имаат со себе обележјето на сопствената земја.
Данил Медведев и Андреј Рубљов во Мелбурн доаѓаат како седми и осми носители, но покрај нивното име нема да стои руското знаме. На ждрепката ќе бидат и тенисерите од Белорусија за кои ќе важи истото правило.
Првиот гранд-слем турнир во сезоната ќе трае од 16. јануари до 29. јануари, а по една година пауза ден од овој турнир ќе биде и Србинот, Новак Ѓоковиќ, кој минатата година беше депортиран од Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

