Рускиот министер за спорт, Михаил Дегтјарев верува дека Русија ќе учествува на следните Олимписки игри кои во 2028 година ќе се одржат во Соединетите американски држави и тоа како рамноправна членка под своите национални обележја.
Политичарот кој воедно е и претседател на Олимпискиот комитет на Русија во изјава за руските медиуми обелодени дека е 99 отсто сигурен во тоа.
„Моето предвидување е дека на Олимписките игри во 2028 година, 99 отсто од шансите ќе се појавиме како репрезентација на Русија со знаме и химна. Ќе одиме во Лос Анџелес со сите руски новинари“, изјави Дегтјарев.
Русија не настапува под своето целосно име и под свое знаме од Зимските олимписки игри во Пјонгјанг во 2018 година првенствено поради допинг скандал, а подоцна и поради војната со Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА