Русите со „евролигаши“ против Македонија

Предводникот на „зборнаја“, Сергеј Базаревич за списокот на играчи кои ќе настапат на престојниот „балон“ во Перм одреди 16 имиња меѓу кои има и играчи кои настапуваат во Евролигата во дресот на ЦСКА Москва и Химки.

Најголемиот дел од кошаркарите доаѓаат од редовите на Нижни Новгород, вклучени се и неколку млади играчи кои треба да бидат носители на играта во годините кои следат, а во однос на „балонот“ во Талин недостасуваат неколку искусни играчи. Дуелот помеѓу Македонија и Русија е закажан за 19. февруари.

БЕКОВИ

Евгениј Бабурин (33 години, 190см, Нижњи Новгород)
Максим Григорјев (30 години, 196см, Парма)
Артем Комолов (27 години, 194см, Нижњи Новгород)
Михаил Кулагин (26 години, 191см, Енисеј)
Григориј Мотовилов (23 години, 191см, Локомотив Кубан)
Иван Штребков (29 години, 190см, Нижњи Новгород)

КРИЛА

Семен Антонов (31 години, 202см, ЦСКА)
Антон Астапкович (27 години, 202см, Нижњи Новгород)
Никита Балашов (29 години, 207см, Восток-65)
Евгениј Валиев (30 години, 205см, Химки)
Станислав Иљиницки (26 години, 200см, Локомотив Кубан)
Антон Квитковски (20 години, 203см, Автодор)
Павел Савков (18 години, 200см, Ираурги/Басконија)
Андреј Воронцевич (33 години, 207см, без клуб)

ЦЕНТРИ

Џоел Боломбој (27 години, 204см, ЦСКА)
Владимир Ивљев (30 години, 207см, Парма)

Се вчитува...