Трикратната светска шампионка во скок во височина, Русинката, Марија Ласитскене не сака да се помири со можноста повторно да ги пропушти Летните олимписки игри, поради допинг скандалот кој веќе со години ја прати Атлетската федерација на Русија.
„Не знам што да очекувам. Не испитуваа од сите страни. Како можеа да дозволат да се случи такво нешто. Владата е во тотален хаос, тие не ги почитуваат спортистите. Никој нема да може да ми ги надокнади трошоците. Имав неутрален статус, сите знаат дека сум чиста. Сево ова влијае на мојот статус, имиџ и финансии“, изјави Ласитскене која вели дека поради цел скандал и нејзиниот спонзор „Најки“ ќе и го намали договорот.
На руските спортисти им е забрането учество на големите атлетски натпреварувања од 2015 година, кога беше востановено дека има системски допинг. Во декевмри Светската антидопинг агенција (ВАДА) им изрече на руските спортисти забрана од четири години за учесво на најголемите натпреварувања, што значи дека знамето на Русија нема да се најде на ЛОИ во Токио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА