Членот на мешовитата карлинг екипа на Русија, Александер Крушелницки, прогласен е за виновен за кршење на антидопинг правилата, поради што тој остана без бронзениот медал освоен во Пјонгчанг.
Во целата ситуација најразочарана е неговата сопруга, Александра Бризгалова, со која Крушелницки настапуваше во тандем на овие Олимписки Игри. Бризгалова, која во татковината го има прекарот „Руска Анџелина Џоли“, застана во одбрана на својот сопруг кој откри дека свесно го зел мелдониумот за решавање на здравствени проблеми.
Како и да е, брачната двојка остана без своите медали, кои ќе заминат во рацете на норвешката карлинг-екипа која го освои четвртото место во натпреварувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА