Руската атлетика останува под суспензија

Светската атлетска федерација ја продолжи суспензијата за руските атлетичари  и за 2019 година. Забраната за учество за атлетичарите од оваа земја е воведeна уште во 2015 година, а поради државно-спонзорираниот допинг скандал.

Суспензијата ќе продолжи се додека Aнти-допинг лабораторијаta во Москва не ги достави сите примероци кои ги побара ВАДА кога и дозволи повторно да работи. Русија ќе треба да ги плати и сите трошоци што ги направи посебната едница на ИААФ која работеше на случајот.

Ова е деветти пат ИААФ да ги одбива руските барања за укинување на суспензијата. Светската атлетска федерација остана на одлуката и покрај тоа што Интернационалниот олимписки комитет и ВАДА го одмрзнаа членството на Русија.

Продолжувањето на суспензијата значи дека руските атлетичари нема да можат да учествуваат на Европското првенство во сала закажано за февруари во Глазгов. Останува можноста алтетичарите од Русија кои ќе докажат дека се чисти од допинг да се натпреваруваат како неутрални спортисти како што беше случај на ЕП во Берлин минатото лето.

 

 

Се вчитува...