Руски „џин“ од Магдебург потпишува за Вардар

Роберто Парондо побарал од управата засилување на играчкиот кадар за наредната сезона, а „црвено-црните“ успешно ги финиширале преговорите со Глеб Калараш, руски репрезентативец кој ќе им се придружи на Дибиров, Шишкарев и на Кисељев во дресот на македонскиот првак. Станува збор за „џин“ висок 205 сантиметри кој настапува на позицијата пивот, а се очекува да биде пред се големо засилување во одбраната, каде Парондо се соочи со значителни проблеми на првите контролни натпревари.

Калараш е поранешен играч на Санкт Петербург и на Мотор Запорожје, а ланската сезона ја мина во Магдебург, германскиот прволигаш каде не се снајде најдобро. Русинот денеска го доби посакуваниот раскин на договорот, по што во наредните неколку дена и официјално ќе потпише за Вардар.

„Можеби ќе тренирам со Вардар од утре, или пак од понеделник. Како и да е, пресреќен сум што ќе играм во Лигата на шампионите и во СЕХА, се надевам дека во Вардар ќе имам поголема минутажа отколку во Магдебург“ – изјави Калараш, потврдувајќи го својот трансфер во таборот на „црвено-црните“.

Се вчитува...