Рускиот ММА борец од дагестанско потекло, Тимур Хизриев, е тешко ранет по напад од маскирани напаѓачи кои испукале пет куршуми во него пред зграда во Махачкала. Руските медиуми јавуваат дека двајца маскирани напаѓачи го чекале Хизриев. Кога излегол од возилото пред зградата, го застрелале со пиштол. Хизриев е хоспитализиран со „повеќекратни трауматски повреди“.
Сега на интернет се појавија видеа од атентатот, на кои се гледа бестрашното однесување на Хизри во опасна ситуација. Откако првиот куршум бил испукан од блиску, тој дури успеал да го собори на земја еден од напаѓачите вооружен со пиштол со совршено изведен потег на борење.
„Тој беше опериран. Беше погоден од најмалку пет куршуми. Колку што знам, ниедна од раните не продирала длабоко“, изјави извор близок до Хизриев за руската новинска агенција ТАСС.
Непоразениот 29-годишен борец моментално се натпреварува во пердувестата категорија во рамките на ПФЛ, каде што на крајот од минатата година го збогати своето резиме со шампионска титула освојувајќи го првото место на турнирот во борба против Брендан Лофнејн, што беше негов последен настап. Тој има 18 натпревари и исто толку победи во кариерата.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

