Руски навивачи претепани во Марибор

После натпреварот Словенија – Русија кој се одигра во Марибор, неколку навивачи на „зборнаја“ завршија во болница, откако пријавиле напад од непознати лица.

„Бевме петмина. По натпреварот заминавме во хотелот. Немавме никакви одбележја. Од темницата од една улица излегоа неколку лица и почнаа да не тепаат. Еден од навивачите беше со сериозни повреди и беше однесен во болница каде што му беа констатирани тешки телесни повреди“, рече еден од навивачите.

Претепаниот навивач одбил интервенција во Марибор, и се решил да се врати во Русија.

Полицијата направила записник за овој инцидент.

Се вчитува...