Руската експедиција преполовена допатува во Пјонгчанг поради суспензиите за систематски допинг, но и на овие Олимписки Игри сме сведоци на случај на допинг од страна на натпреварувач од оваа држава. Меѓународниот Олимписки Комитет веќе го известил олимпискиот тим на Русија дека еден негов член паднал на допинг тест поради користење на забранетата супстанца мелдониум.
„Денеска добивме известување од ИОК за можно кршење на анти-допинг правилата. Не можеме да наведеме за кого станува збор бидејќи се чека анализа на Б примерокот, која ќе биде готова најдоцна за 24 часа“ – изјави портпаролот Константин Виборнов.
Медиумите сепак откриваат дека станува збор зза Александар Крушелницки, кој пред неколку дена стигна до бронзен медал во карлинг.
Мелдониумот се користи при срцеви заболувања и наводно ја зголемува физичката издржливост, ја подобрува рехабилитацијата, штити од стрес и ја подобрува работата на централниот нервен систем. Поради користење на оваа забранета супстанца суспензија од 15 месеци пред неколку години заработи руската тенисерка Марија Шарапова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА