Руски систем: Појави се, направи успех, и угасни се…

Рускиот фудбалски клуб Тосно заминува во историјата. Сензационалниот победник на Купот на Русија изминатава сезона, само еден месец по историскиот успех, комплетно ќе го затвои клубот поради големи финансиски проблеми. Токму поради ваквите проблеми Тосно не доби ниту лиценца за настап во Лигата на Европа. Сопственикот има огромни долгови, и тоа ќе резултира со „клуч на врата“ за фудбалскиот колектив.

Ова е само еден од примерите во земјата домаќин на Светското фудбалско првенство во која многу често се затвораат спортските колективи. Медиумите во Русија пишуваат дека и Амкар Перм е блиску до банкрот, затоа што фудбалерите на овој тим немаат земено плата неколку месеци.

 

Се вчитува...