Трансферот што беше најавен на крајот од минатата седмица денеска е официјализиран, Вардар доведе во своите редови уште еден руски ракометар. Станува збор за 27-годишниот Глеб Калараш, кој настапува на позицијата пивот, а воедно важи и за одличен дефанзивец. Тој пристигнува од редовите на Магдебург, од каде си замина како слободен играч откако минатата сезона не ги оправда очекувањата на германскиот клуб.
Калараш важи за „џин“ со своите 205 сантиметри, значително отежнувајќи ја задачата на противниците при играта во напад. Тој има зад себе настап на едно ЕП и едно СП за репрезентацијата на Русија. Играше на ЕП 2016 во Полска и на СП 2017 во Франција. Пролетва играше во бараж средбите меѓу Русија и Чешка кога „зборнаја” се пласираше на следното СП 2019 и постигна по еден гол на двата меча.
Во клупската кариера Калараш во Русија настапувал за вториот тим на Чеховски Медведи и за екипата на Нева од Санк Петербург во периодот од 2013 до 2015 година. Во тој период освоил сребро и бронза во првенството на Русија. Во сезоната 2014/2015 бил прогласен за најдобар пивотмен во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА