Рускиот фудбал во криза – Згаснаа два прволигаши, третиот пред колапс

Рускиот клупски фудбал се соочува со криза и со тешка ситуација во која повеќе од клубовите се пред банкрот. Иако фудбалската репрезентација на Русија заврши меѓу најдобрите осум на годинашното СП на кое беа домаќин, сепак, забележителните репрезентативни резултати не можат да ја сменат состојбата во рускиот клупски фудбал и финансиските проблеми во кои западнаа повеќе клубови.

Во јуни поради банкрот згасна прволигашот Тосно, а истото му се случи и на клубот Акмар од Перм кој исто така минатата сезона беше прволигаш.

Во тешка финансиска криза пред згаснување е и Анжи. Клубот ги изгуби спонзорите, им должи на вработените и на играчите, а Владата од одбила да им даде финансиска помош.

Долгот е голем и расте секој ден. Повеќето од играчите немаат земено плата уште од април. Им благодариме за трпеливоста, но вака нема да издржиме уште долго“ – изјави директорот на Анжи, Олег Флегонтов.

Се вчитува...