Рускиот јунак со скршена рака му донесе трофеј на ПСЖ

Голманот на ПСЖ, Матвеј Софанов стана херој на својот тим во финалето на Интерконтиненталниот куп, но победата ја плати со скршеница на раката.

Рускиот голман и покрај болките одбрани четири пенали во пенал-рулетот кој го одлучи победникот на средбата со Фламенго. Неговата приказна ја откри тренерот Луис Енрике неколку денови подоцна.

„Не можам ни да ви објаснам. Неверојатно е, но самиот играч не знае како тоа се случи. Мислиме дека е при третиот пенал кога направи чуден потег. Има скршеница. Со адреналинот кој го превладеа можеше да го заврши натпреварот и покрај скшеницата. Мислам дека ова е пр пат голман да одбрани четири пенали. Презадоволни сме што освоивме уште еден трофеј и се надеваме дека го заслуживме“, изјави Енрике.

Се вчитува...