Рускиот Медни Всадник е европски клупски шампион, Алкалоид на осмото место

Рускиот Медни Всадник е победник на 36. Европски клупски шампионат кој изминативе седум дена се одржа во хотелот „Изгрев“ во Струга.

Медни Всадник, кој беше второрангиран, го освои златото со 13 бода пред чешкиот Нови Бор (треторангиран) со 12 бода и азербејџански Вугар Гашимов (9) со 11 бода кој го осво бронзениот медал.

Македонскиот шампион Алкалоид (кој беше прворангиран според рејтингот пред стартот на ЕКК), во последното коло со 3,5-2,5 загуби токму од азербејџанскиот Вугар Гашимов, па на крајот заврши на осмото место со 9 освоени бода. Шаховски клуб Прилеп го освои 14. место со 8 бода, Гамбит асеко СЕЕ заврши на 23. место со 6 бода, а Гостивар на 32. место со 4 бода, во конкуреција на 38 европски екипи.

Во женска конкуренција, руски Јужен Урал, со максимални седум победи, односно 14 екипни бода, пред Монте Карло со 11 бода и украински ГРЕКО со 10 бода. Во конкуренција на осум женски екипи, колку што учествуваа на ЕКК, следеа австриски Баден, четврти со 9 бода, пред Куманово на 5. место со 4 бода, шести заврши словенечки Тајфун со 3 бода, колку што имаше и Алкалоидна седмото место, додека на 8. место заврши МШК Центар со два освоени бода.

Се вчитува...