Зенит пазареше од Реал Мадрид

Рускиот Зенит Санкт Петербург се засили со мексиканскиот центар Густаво Ајон. Ајон потпиша едногодишен договор со клубот кој сезонава ќе дебитира во Евролигата. Тоа за него ќе биде шеста евролишка кампања, откако минатити пет години ги помина во дресот на Реал Мадрид.

„Преговорите беа долги и напорни. Среќен сум што Густаво го одбра Зенит. Мислам дека никој не се сомнева дека ни е потребен таков кошаркар во клубот“, изјави генералниот директор на клубот Александер Церковни. 

Зенит ја доби последната вајлд-карта за настап во Евролигата, а раководството на рускиот клуб дефинитивно е решено да создаде силен тим за достојно да се претстави во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...