Руските биатлонци под истрага за употреба на допинг на СП 2017

Руската репрезентација во биатлон е под истрага во Австрија поради сомнение за употреба на допинг за време на Светското првенство во 2017 година што се одржа во Хоцфилзен, објави австриското обвинителство.

Десет членови на репрезентацијата – пет спортисти и пет членови на стручниот штаб, опфатени се во истрагата која е покрената поради сомнение за „тешка измама поврзана со допинг“ и „употреба на забранетисупстанци и методи поврзани со допингот“,  се наведува во известувањето.

Руските биатлонци моментно се наоѓаат во Хоцфилзен каде деновиве се одржува трка од Светскиот куп. Вчера австриските истражители ги посетиле руските спортисти, извести Руската биатлонска федерација.

Полицијата испраша некои од спортистите и руските стручњаци. Прашањата се однесуваа на евентуално прекршување на антидопинг правилата за време на СП во 2017 во Хоцфилзен“ – стои во известувањето со дополнување дека руските спортисти ќе учествуваат на трките од Светскиот Куп како што било претходно предвидено.

За овој случај преку социјалните мрежи се огласи и рускиот биатлонец Александер Логинов.

„Вчера ме обвинија и тоа не само мене, за некаква малверзација со крвна трансфузија и уште некои работи. А сето тоа се случило во февруари 2017 година“ – се пожали Логинов.

Се вчитува...