Руските борачи освоија 16 од 18 можни олимписки норми во борење слободен стил, но ниту еден од нив нема да настапи на игрите во Париз. Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) има строги критериуми во однос на учеството на руските спортисти. Шест членови на Зборнаја, меѓу кои и Абдулрашид Садулаев, борец во слободен стил и олимписки шампион во Рио 2016 и Токио 2021 година, не ги поминаа критериумите, па поради оваа причина, колегите кои обезбедија учество ќе г0 бојкотираат турнирот во „Градот на светлината“.
„Не ги прифаќаме неспортските принципи на селекција според кои ИОК го состави списокот на спортисти со право на учество, бидејќи е донесен со очигледна цел да го поткопа нашиот тим“, е дел од соопштението на Боречката федерација на Русија.
Списокот на МОК излезе во средината на јуни. Од него беа исфрлени уште тројца олимписки шампиони,Заур Угујев и Заурбек Сидаков во слободен стил, како и Муса Јевлојев во грчко-римски стил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА