Руските и белоруските пливачи повторно можат да се натпреваруваат

Меѓународната пливачка федерација објави дека на руските и белоруските натпреварувачи ќе им биде дозволено да се натпреваруваат, но под неутрално знаме и само во поединечна конкуренција.

Одлуката на Меѓународната пливачка федерација е во согласност со препораките на Меѓународниот олимписки комитет, кои се во сила од пролетта оваа година, а во кои се наведува дека руски и белоруски натпреварувачи можат да се натпреваруваат во поединечна конкуренција со исполнување на голем број на услови меѓу кои да не ги поддржуваат конфликтите во Украина, ако не учествувале во нив на кој било начин, ако немаат врска со војската и вооружените сили на Русија и под неутрално знаме.

„По опсежни консултации и разгледување, телото едногласно одлучи за сет критериуми кои им овозможуваат на руските и белоруските спортисти да учествуваат на идните светски натпревари во водени спортови како неутрални индивидуални спортисти“, се вели во соопштението.

Дополнителен услов за руските и белоруските пливачи е да немаат право да даваат изјави на медиумите.

Се вчитува...