Руските и белоруските спортисти остнаа без химна и знаме на натпреварувања

Меѓународниот Олимписки комитет донесе одлука повеќе да не се одржуваат меѓунардони спортски натпревари во Русија и Белорусија, а спортистите на овие две држави во иднина нема да можат да настапуват на меѓународните натпревари под знамето на својата држава. При тоа нема да им биде интонирана ниту химната.

Оваа одлука доаѓа како санкција за нападот на Русија над Украина и истата ќе важи се додека не се одлучи спротивното.

„Извршниот одбор на МОК ги повикува сите меѓународни спортски федерации да ги преместат или откажат своите спортски настапи во Русија и Белорусија.. Покрај тоа повикуваме на меѓународните натпревари да не се исткнуваат националните знамиња и да не се интонира химната на Русија и Белорусија“, стои во дел од соопштението на МОК.

Се вчитува...