„Руските клубови и репрезентации ќе играат во Европа за помалку од две години“

Поранешниот руски репрезентативец Виктор Онопко е оптимист дека руските клубови и репрезентации наскоро ќе бидат вратени во УЕФА и дека ќе може да играат меѓународни натпревари.

Руските клубови и селекции се суспендирани од УЕФА поради воената инвазија врз Украина, и така Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на Конференции е без клубовите од Русија и Белорусија, а исто така сите репрезентации имаат забрана за настап на големите натпреварувања и во квалификациите.

„Не знам за колку време ќе ги вратат руските клубови, но не верувам дека ќе биде повеќе од 2-3 години. Не можам да кажам конкретно, но мислам дека за помалку од две години ќе бидеме вратени во Европа“, изјави Онопко. 

Се вчитува...