Забраната за настап на руските клубови во Евролигата продолжува и следната сезона со оглед на тоа што геополитичката состојба во Источна Европа не е блиску до решавање, потврди извршниот директор на најелитното европско кошаркарско натпреварување, Маршал Гликман.
Тоа се воедно и добри вести за српските клубови Црвена Звезда и Партизан за кои се очекува да добијат простор за настап и следната сезона, но и за останатите клубови кои немаат статус на сопственик на натпреварувањето како Монако.
„Еден од сопствениците, ЦСКА е суспендиран поради војната во Украина што ни дава малку простор. Бидејќи ЦСКА нема да се врати ни следната сезона со оглед на тоа што никој не знае што ќе се случува во геополитичката смисла, останувањето на Монако во првенството нема да биде проблем. Секако, кога ЦСКА ќе се реинтегрира ќе биде комплицирано“, изјави Гликман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА