Руските клубови се поблиску до враќање во натпреварувањата на УЕФА

Претседателот на Фудбалската федерација на Русија, Александар Дјуков изјави дека во моментов „има бројни дискусии“ за враќање на руските клубови во натпреварувањата под капата на УЕФА.

Руската репрезентација и клубовите од таа земја се под санкции на европската „куќа на фудбалот“ од 2022 година, откако трае војната во Украина. Сепак, ситуацијата се подобрува, барем така тврди првиот човек на рускиот фудбал, Дјуков.

„Европската сезона продолжува оваа есен, а во овој момент има бројни состаноци и конференции на кои може да се донесат одлуки кои ќе го забрзаат враќањето на нашата земја во европските фудбалски натпреварувања. Моето искуство ми кажува дека таа одлука порано или подоцна ќе биде донесена Ми се чини дека позициите на другите федерации се менуваат од месец во месец“, изјави Дјуков.

Се вчитува...