ЕКИПА во Будимпешта,
Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски
Во мечот за европско финале, важна е и и поддршката од трибините. Ростов Дон денеска против Вардар ќе се бори за своето прво финале во Лигата на шампионите, а од трбините ќе ја има поддршката од навивачите за кои клубот организираше бесплатен чартер лет до Будимпешта.
Рускиот шампион преку клупскиот сајт ги повика своите фанови да им придружат и да го бодрат тимот во историскиот прв настап на Ф4 турнирот во Будимпешта.
Вардар има стандардно поддршка од трибините на завршниот турнир во ЛШ. Иако годинава навивачите се пожалија дека Вардар потфрлил во организацијата и го лимитирал бројот на фановите за Будимпешта, сепак, оние најверните и најупорните денеска ќе бидат повторно на трибините во „Ласло Пап Арената“ и ќе ги бодрат вардарки во нивниот последен обид во овој состав да дојдат до посакуваното финале и до титулата во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА