Светската антидопинг агенција (ВАДА) соопшти дека Русија би можела да биде исклучена од наредните Олимписки игри во Токио 2202 година ако се изменети податоците од московската лабораторија. Комитетот на ВАДА писмено наведе дека „многу веројатно“ ќе препорача на ниту еден руски спортист или спортски работник да не му биде дозволено учество на Олимпските игри и на Параолимписките игри во Токио. Исто така можна е и препорака на Русија да и се забрани организација на Светско првенство во било кој спорт на одредено време.
Русија до 31.декември требаше да ги предаде податоците од московската лабораторија, но го пропушти тој рок. После посетата на официјалните лица на ВАДА, податоците беа предадени минатата недела. ВАДА ја почна анализата на податоците, но тоа би можело да трае и неколку недели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА