Диего Армандо Марадона е навикнат правилата и законите да не важат за него, па во свој стил продолжи и на првиот натпревар на Аргентина на овој светски шампионат.
Аргентинската легенда беше присутна на стадионот на Спартак да ги бодри своите сонародници против Исланд, а во еден момент беше забележан како го следи мечот со запалена пура во устата. Проблемот е во тоа што Русите и челниците на ФИФА се многу горди на фактот дека ова треба да е мундијал на кој нема да се пуши на трибините, но Марадона очигледно смета дека правилата не важат во ВИП-зоната.
Останува да се види дали тој ќе добие казна, или пак ќе мине само со опомена, да не го повтори „престапот“ на следните натпревари што ќе ги следи во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА